артикулираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Јасно образложи, образложува, претстави, претставува нешто.
Примери:
Овие слоеви во прв ред ја артикулираат свеста за поезијата како уметност на зборот.
вадат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се вади) Се правда, се оправдува.
Примери:
Со различни изговори се вадеше на часот.
Вид збор: Глагол, свршен
Образложи нешто до крај.
Примери:
Не го оставија да дообразложи.
обосноват
Вид збор: Глагол, свршен
Придружи нешто со докази и факти.
Примери:
Тој го обоснови тврдењето со проверени аргументи.
образлагаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Дава образложение, оправдува.
образложат
Вид збор: Глагол, свршен
Поткрепи со аргументи, факти, објаcни нешто.
Примери:
Тој го образложи планот за работа.
оправдаат
Вид збор: Глагол, свршен
Објасни, одбрани некаква постапка; признае нешто за правилно, допустливо, возможно; одобри, дозволи нешто.
Примери:
Тој се обидуваше да ја оправда својата постапка.
Потврди, докаже дека е нешто точно, правилно.
Примери:
Развитокот на македонскиот литературен јазик ги оправда погледите на Мисирков.
Покаже, докаже дека навистина заслужува нечија доверба и сл.
Примери:
Вети дека ќе ја оправда довербата што му е укажана.
(се оправда) Симне од себе сомнеж, вина; ја докаже оправданоста на својата постапка.
Примери:
Тој ме праша како ќе се оправдам на работа.
Вид збор: Глагол, свршен
Оправда малку, донекаде.
Примери:
Гледај да ме пооправдаш кај луѓето.
(се пооправда) Се оправда малку, донекаде.
(се) правдаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) оправда, (се) оправдува
Примери:
Тие се правдаат со кризата која ја превидоа и потценија.